За да воспоставите дневна рутина читајте ги сигналите што ги испраќа бебето

 

Замислете си, на колку само нови нешта треба да се прилагоди секое новороденче во првите неколку недели од неговиот живот?
Создавањето на одреден дневен распоред кога бебето треба да јаде или да спие е многу важно, но не и по секоја цена особено во првите неколку недели, дури и месеци по неговото раѓање. Секогаш, после еден извесен период секое дете се прилагодува кон одредена дневна рутина. Без разлика на можниот притисок однадвор-дека тоа така треба, дозволете му на вашето дете да јаде и спие кога и да посака.

За воспоставување на дневна рутина, размислувајте дури откако детето ќе наполни неколку месеци. Во одредувањето на тој распоред за оброци и одмор, најмногу можете да си помогнете вие самите, забележувајќи ги сигналите кои што ви ги праќа бебето. Самото дете ги сигнализира своите потреби. Родителите ќе увидат дека како што расте, на бебето ќе му биде потребен зголемен внес на храна, а истовремено ќе се намали периодот на честите потреби за сон.

Во периодот од четвртиот, односно од шестиот месец, родителите веќе треба да почнат да обраќаат внимание на воспостување на одредена деноноќна рутина, полека подготвувајќи го нивното малечко на деловечерен сон.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk