За децата со аутизам задолжителни се средбите со логопед

Многу деца кои манифестираат симптоми на аутистичниот спектар на нарушувања имаат проблеми со говорниот механизам и вербалното искажување.

Повеќето деца или не зборуваат воопшто или пак зборуваат премногу. Кај децата со аспергеров синдром често постои употреба на зборовите во погрешен вокабуларен контекст или не постои можност да се разбере секојдневниот говор.

Сепак, со многу работа и вложување во логопедски третмани дури и невербалните (без говор) лица можат секако да развијат комуникациски вештини-дури и интензивен говорен јазик.

Логопедските третмани се повеќе од добредојдени затоа што говорната терапија покрај едноставно учење на детето правилно да ги изговори зборовите има мултидисциплинарен пристап кој ги опфаќа и комплексните механизми на однесување, комуникациа и социјализација.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk