За мажите склони кон неверство и теоријата на брановите

Александра Перл, американска новинарка, во своето истражување се обидува да открие што е тоа што мажите да останат верни на една жена.

Во истражувањето биле земени стотина брачни парови на воздраст од 20 до 70 години. Сексот е првата точка каде се разидуваат мажите и жените. Сексуалноста и сексуалниот чин за мажите постои сам по себе, додека во очите на жените тој се “комплицира” додавајќи му емоционална и социјална компонента како на пример колку е мажот верен, колку сака, колку е емоционално зрел, каков е неговиот социјален статус и сл. Па така новинарката доаѓа до заклучок дека сексот за мажот е лов, промена, авантура, предизвик а за жената тоа е искреност, доверба, извесност во врската и највисок чин на интимност.

Спроти женската потреба од верност се наоѓа машката младост, односно периодот од животот на мажот кој се бележи со најјаки хормонски активности. Многу се значајни елементите на неверството кои кај мажот самите по себе создаваат чувство на вредност во машкиот свет како и нарцистичко задоволување на неговата машкост. Кога се мисли на оваа надмоќ тогаш се земаат во предвид одговорите на 70 % од машките испитаници во истражувањето. За сексуалниот чин мажот може да избере партнерка која не ги задоволува неговите стандарди за жена со која што би можел да го помине животото, додека пак за жените тие стандарди мора да се исполнуваат дури и кога станува збор за сексот. За мажите кои што постојано се склони кон неверство психијатрите велат дека тоа е тн. теорија на брановите, додека еден бран (жена) го крева високо а потоа го спушта долу и возбудата завршува мажот веќе го фаќа другиот бран (другата жена) и така е во константно ниво на возбуда и задоволство. Феноменот на појава на оваа терорија на брановите е независна од љубовта што тој маж ја чувствува кон жената што е во брак.

Според сето тоа, Александра Перл заклучува дека мажите се верни на една жена се додека им се задоволени трите аспекти од неговата личност од страна на таа жена- да биде маж, дечко и дете истовремено, односно неговата личност да се адаптира според ситуацијата во која што се наоѓа без при тоа да биде ограничуван во своето однесување од страна на брачниот партнер.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk