За младоженците венчавката е стресен настан

Според едно неодамнешно американско истражување, венчавката е далеку постресна за младоженците отколку за нивните идни сопруги.
Според истражувачите, дури секој четврти маж тврди дека самото планирање на венчавката создава повеќе притисок и нервоза отколку што било очекувано во пресрет на таков голем настан.

На младоженците главен извор на стрес се реакциите, ставовите и барањата на членовите на потесното семејство. Нивото на овој стрес е максимално денот пред чинот на венчавањето, но започнува многу порано. Тука спаѓаат сите договарања околу списокот на гости, прашањето околу финансирањето на свадбата, желбата да се угоди на родителите и сл.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk