Зборување за финансии пред децата

Најголем дел од родителите сметаат дека е непримерно пред децата да се зборува за финансии посебно ако станува збор за криза низ која поминува цело семејство.

Зборувањето со децата за финансиската состојба во која се наоѓа целото семејство е здраво и никако не треба да претставува табу тема. Децата треба да имаат некои знаења за приходите кои доаѓаат дома, бидејќи парите никако не треба да бидат мистерија. На тој начин ги подготвувате децата за се она што се случува во вистинскиот живот.

На пример, ако детето го испратите да студира без да има појма за тоа колку чини струја, вода или колку пари одат за храна, му правите лоша услуга.

Исто така ако поминувате низ тежок период кога се во прашање финансиите, со шепотењето ќе се направи полоша услуга.

Следен пат кога детето ќе ви побара нешто скапо, наместо да му се дерете објаснете му за што се работи и зошто не можете да му ги купите.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk