Зголемен апетит во раната бременост

Во текот на првите месеци од бременоста ( првото тромесечје ) се случуваат бројни промени и во телото на трудницата кои предизвикуваат складирање на масти и хранливи состојки.

Овие залихи можат да се создадат многу рано, со цел да бидат на располагање на плодот кој расне во понатамошниот период од бременоста.

Како одминува бременоста, складирањето на масти и останати хранливи состојки се завршува и почнува процес на нивно интензивно трошење.

Токму од тука потекнува и зачестеното чувство на глад што неретко се појавува на почетокот од бременоста кај трудниците. Тоа се случува бидејќи телото на идната мајка е биолошки програмирано да овозможи поволна средина и хранливи состојки за раст на плодот уште пред тие да му бидат потребни.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk