Зголемете ја самодовребата кај вашето дете

Кога децата се чувствуваат добро и самоуверено, само небото е граница. Сепак, здравото ниво на самодоверба не доаѓа преку ноќ- за тоа треба да се погрижат и родителите.

Поддржувајте гo во прифаќањето предизвици

Ако видите дека вашето дете е талентирано за некоја област, на пример за уметност, запишете го на курс за цртање. Немојте да се грижите за тоа дека можеби другите деца се поталентирани, па на вашето дете ќе му биде непријатно- ако не му одговара тој курс, детето ќе ви каже. За едно дете потребно е да поставувате повисоки цели и граници, за да се труди повеќе. Ако не е талентирано за едно нешто, ќе биде талентирано за нешто друго, така што нема причина за грижи.

Научете го како да набљудува и да се вклопува

Многу деца имаат недостаток на самодоверба кога се вклучуваат во група. Детето кое последно влегува во таа група може да предизвика и одбивност зошто ја нарушило претходната ситуација, па затоа многу е важно да ги научите да се вклопат без расправии. На пример, поуспешно вклопување ќе има детето кое ја им ја подава топката што им паднала на другите дечиња од она кое едноставно ги прашува “Може ли да си играм со вас?“

Не го фалете толку многу

Наместо да кажуваете колку сте горди на детето затоа што направило нешто како што треба, прашајте го дали е гордо на самото себе. Потоа прашајте го што направило што довело до успех. Зборувањето за споствените способности ја зголемува самодовербата кај децата.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk