Здрава крем супа со ѓумбир како прва помош при настинка

Неодоливо вкусна, оваа крем супа од моркови со ѓумбир и лук е вистински лек кога се соочуваате со првите симптоми на настинка и грип.

 

Потребни состојки:

1 кг моркови

1 кромид

3 чешниња лук

1 см корен од ѓумбир

½ лажичка лута толчена пиперка

1/2 лажичка мајчина душичка

800 мл вода

3 лажици маслиново масло

сол и црн пипер

Начин на приготвување:

  1. Излупете ги морковите и исечкајте ги на мали парченца, кромидот излупете го и поделете го на четвртинки, лукот оставете го во лушпата. Заедно ставете ги во огноотпорен сад и прелијте ги со 3 лажици маслиново масло. Печете ги во рерна на 200 степени околу 45 минути, од време на време промешувајќи.
  2. Извадете ги од рерна и оставете зеленчукот малку да се олади. Потоа, ставете го во блендер, лукот претходно излупете го, и блендирајте постепено додавајќи ја водата додека не ја добиете посакуваната густина.
  3. Претурете ја чорбата во лонец, додадете го изренданиот ѓумбир, лутата пиперка и мајчината душичка, па посолете и наросете малку црн пипер. Ставете го лонецот малку на рингла додека чорбата не почне да врие.
Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk