Зелена кашичка со боровинки

Оваа витаминска кашичка со вкусни боровинки е одличен извор витамините А, Ц и Е, како и калциум и железо.

Потребни состојки:

– 200 грама измиени и обарени листови од спанаќ
– 50 грама боровинки
– неколку капки лимонов сок
– вода по потреба ( за да ја одредите саканата густина на кашичката )

Начин на подготовка:

Обарениот спанаќ добро процедете го. Заедно со боровинките ставете го во блендер и додајте неколку капки сок од лимон.
Миксирајте се додека не добиете глатка, хомогена смеса. Доколку е потребно додадете неколку лажички вода.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk