Зелена столица кај доени бебиња

 

Иако имате доволна количина млеко, кратките подои понекогаш можат да бидат предизвикувач на зелена столица.
Имено, повремената појава на зеланата столица кај бебињата кои што се исклучиво на мајчино млеко, а кои се здрави, задоволни и добро напредуваат иако треба да ви го привлече вниманието сепак не треба многу да ве загрижи.

Но доколку постојат повеќе од 10 последователни столици со зелена боја, а при тоа забележувате дека детето слабо напредува тоа не значи дека вие немате доволно млеко, туку дека бебето не испива доволна количина од мајчиното млеко во текот на доењето.

Млекото во почетокот на доењето е малку поводенесто и содржи повеќе лактоза. Овој шеќер во цревата ферментира и може да предизвика грчеви, ретка, зелена или столица со киселкаст мирис. Истовремено има помала количина на калории и масти што прави полесно да помине низ дигестивниот систем на бебето што пак резултира со побрзо чувство на глад кај бебето.

Во понатамошниот тек од доењето млекото ја зголемува својата масност а со тоа и калоричната вредност.

Овој проблем најчесто се јавува кога мајката има премногу млеко, а не премалку, односно кога рефлексот на отпуштање на млекото е посилен.

Исто така зелените столици можат да бидат резултат на прераното преместување на бебето во текот на доењето од едната на другата дојка. Токму затоа е многу важно да дозволите детето подолго да се задржи и да ја испразни едната дојка пред да му ја понудите другата.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk