Зелен напиток против хроничен замор

Ако се чувствувате исцрпено и уморно, хидрирајте го вашиот организам уживајќи во ова вкусно зелено смути со кокос, богато со витамин ц, растителни влакна, калциум и магнезиум, антиоксиданси, природен шеќер и други хранливи материи.
За да го подготвите овој здрав напиток потребни ви се следниве производи:

– 1 банана
– 2 лажици јогурт
– 1 лажица кокосово масло
– неколку листови спанаќ
– малку свежо нане
– лед

Сите состојки измиксирајте ги а потоа додадете го ледот.

Кокосовото масло кое е дел од овој напиток значително ќе помогне организмот полесно да ги впие хранливите состојки. Затоа уживајте во секоја капка.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk