Истражување: Зимските месеци се идеални за зачнување на женско бебе

Објавено на: Nov 21, 2016 од Мама Ане

Момче или девојче, шансата да погодите што носите секогаш е релативна, но едно нешто е сигурно-точната информација ќе ја имате кога ќе се породите.
Според научниците, постојат многу внатрешни и надворешни фактори кои влијаат врз тоа од кој пол ќе биде зачнатото бебе.
Истражувањата на научниците даваат некои прецизни упатства кои би требало да гарантираат дека ќе добиете дете од саканиот пол.
Како до девојче?
– Според истражувањата повозрасните парови ( жени постари од 35 и мажи постари од 40 години ) имаат поголема шанса да добијат девојче поради влијанието на квалитетот на хормоните и сперматозоидите.
– Исто така, жените кои се под голем стрес на работа и дома пред да забременат имаат поголема шанса да родат девојче.
– Зимата е идеално време за зачнување девојче. Овој податок како факт е забележан и во животинскиот свет. Во текот на зимските месеци почести се бактериските инфекции а сперматозоидите кои зачнуваат девојче се поиздржливи од машките сперматозоиди.
– Верувале или не, но дури и работните обврски на таткото влијаат во извесна мера врз тоа дали ќе се зачне девојче или не. Работата која подразбира изложување на поголема мера на стрес може да резултира со раѓање на девојче. Меѓу татковците на девојчињата во најголем број се сретнуваат професии како што се професионални возачи, пилоти или нуркачи.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…