Злото умира само тогаш кога го игнорирате

Ви ги пренесуваме осумте животни вистини на најпознатиот кинески филозоф Лао Це.
1. Верувајте, веќе ги поседувате сите одговори на сите животни прашања. Проблемот е само колку сте отворени да ги прифатите.
– Кога ќе се ослобoдам од она што сум можам да станам она што сакам да бидам.
2. Кога ќе се препуштите тогаш ќе се ослободите
– Ако сакате да станете целина, дозволете си да бидете нецелосни. Ако сакате да бидете правилни, тогаш дозволете си да бидете погрешни. За да бидете исполнети мора да дозволите да бидете празни.
3. Вашето его никогаш нема да ви донесе вистинска среќа
– Оној кој што самиот себе се дефинира, никогаш нема да знае кој е всушност.
4. Злото умира само тогаш кога го игнорирате
5. Добрината на крајот секогаш победува
– Од добрите зборови доаѓа довербата. Од добрите мисли доаѓа просветлувањето. Од добрината доаѓа љубовта. Љубовта е таа што победува се.
6. Секогаш бидете она што реално сте
– Ако ви е важно што мислат другите тогаш вие сте нивен вечен заробеник.
7. Бидете скромни, скромноста е дел од мудроста
– Мудриот човек е оној кој што знае дека нешто не знае.
8. Промената е неизбежна- прифатете ја
– Ако сфатите дека се во светот е подложно на промени, нема да се обидувате по секоја цена цврсто да се држите до нешто што знаете дека еднаш ќе се смени. На тој начин, прифаќајќи ја промената ќе бидете среќни.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk