Знаете дека сте мајка кога…

Објавено на: Sep 10, 2015 од Мама Весна

Знаете дека сте мајка кога:

Кога за седум минути ќе успеете да направите се она што некои луѓе го прават за цел ден.

Кога за себе имате време само во текот на оние 60 минути кога бебето спие и пред да си легнете.

Кога после пијанство се опоравувате потешко отколку при мала операција.

Кога на чаша вино гледате како на чинија полна со овошје.

Кога секојдневно ви е потребен некој кој може да ве ислуша

Кога одењето во супермаркет изгледа како да одите на годишен одмор

Кога се чувствувате како да сте и во пеколот и во рајот истовремено.

Кога сте способни да го слушнете кивањето преку затворена врата среде ноќ,  во собата која е оддалечена дури две соби од вашата.

Кога посакувате наместо вашето дете, вие да ја имавте таа висока температура.

Кога побрзо би заспале отколку да имате секс со партнерот.

Кога туширањето кое трае 15 минути ви изгледа како ден поминат во Спа-центар.

Кога влажните марамчиња со кои го бришете бебенцето ги користите за да избришете нечиста површина.

Кога се затворате во тоалет и наводно имате болки во стомакот само за да одморите неколку минути плус.

Кога имате мало чоколатце само за себе бидејќи ви е смачено се да делите.

Кога наеднаш ќе сфатите дека седите сами и го гледате омилениот цртан филм на вашето дете додека тие заспале.

Кога можете да готвите, доите, разговарате на мобилен телефон викате по децата и во истовреме да не пропуштите ниту една тв серија од оние кои ги гледате редовно.

Кога миењето на забите на крајот од денот ви изгледа како кревање тегови.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…