Зошто аутизмот е почесто застапен кај момчињата отколку кај девојчињата

Аутизмот дури за пет пати повеќе ги погодува момчињата отколку девојчињата-тврдат светските статистички податоци.

Причината зошто ова пореметување е позастапено кај машкиот пол, според швајцарските научници е тоа што девојчињата  имаат повиско ниво на толеранција за генетски мутации за разлика од момчињата.

Поради тоа, потребен е поголем број на генетски мутации за да кај девојчињата се дијагностицира аутизам, што не е случај кај момчињата. Исто така, тие го наведуваат податокот дека дури и да постојат ист број на генетски мутации кај двата пола, тие повеќе се манифестираат кај момчињата за разлика од девојчињата.

Истражувајќи ги ДНК причинителите кај 16,000 деца со невролошки пореметувања, научниците тврдат дека кога веќе ќе се дијагностицира постоењето на ова нарушување кај девојчињата во извесен број случаи (повеќе од 3%)  станува збор за посериозен облик на нарушување на вниманието проследено со хиперактивност.

 

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk