Зошто бебето постојано е луто

Педагозите потсетуваат дека детето се раѓа се одреден темперамент, а некои деца на светот реагираат негативно и интензивно. Бебињата главно плачат кога се гладни, ненаспиени, болни а има деца кои со плачењети се ослободуваат од напнатост или вишок на енергија.

Важно е да ја препознаете причината за незадоволство кај вашето дете. Ако е сито, наспиено, суво и ништо не го боло а повремено плаче или има изливи на бес, можеби се работи за потежок темперамент.

Важно е во таа ситуација да останете смирени, бидејќи истражувањата покажуваат дела бебињата се смируваат кога возрасните покрај нив се опуштени.

Некои родители одат во друга крајност па го оставаат детето да плаче за да не го разгалат. Но педагозите велат дека е важно да одговорите на потребите на детето и да го смирите.

Како тоа ќе го направите најдобро е сами да процените.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk