Зошто бебињата во стомакот се најактивни кога мајките одмараат

Многу трудници почувствувале дека активноста на бебињата се зголемува во текот на ноќта, која тие се чувствуваат поспано и се физички неактивни.

Научниците даваат логичен одговор зошто бебето во стомакот се буди и е најактивно баш тогаш кога на мама и се спие.

Имено, причина зошто идните мајки со поголем интензитет ги чувствуваат движењата на нивното малечко кога лежат во креветот навечер е поради тоа што тогаш можат многу повеќе да се сконцентрираат на нив. Околината придонесува надворешните влијанија да бидат значително помали. при тоа алудирајќи на влијанија кои би го одзеле моменталното внимание на мајката.

Секако, без разлика на моменталните активности на мајката, таа скоро секогаш ги забележува движењата на нејзиното бебе во стомакот.

Научно докажано, доцната бебешка активност се објаснува со зголемување на количината на хормонот кортизол кој кај мајките предизвикува поспаност, а кај бебето пак зголемена активност.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk