Зошто е важно да биде воведено јајцето во исхраната на детето пред вакцинирањето со ММР

Лекарите советуваат прво да се воведе јајце во исхраната на детето пред да се прими ММР вакцината. Зошто е тоа пракса?

Имено, ММР вакцината содржи извесна количина протеини од јајца, па доколку детето веќе пројавило алергиска реакција на јајце треба особено да се внимава на можен анафилактички шок по примањето на вакцината.

Децата кои реагираат на јајца, пилешко месо или пердуви од живина со развивање на системски симптоми како што се пад на крвниот притисок, отежнато дишење, генерализиран осип и слично може да пројават алергиска реакција и на вакцината.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk