Зошто е важно детето само да се облекува

За детето да порасне во самостојна и снаодлива личност, треба да му дозволите да учествува во сите примарни активности, како облекување, исхрана и хигиена.

Истражувањата покажуваат дека ако им дозволите на децата сами да се снајдат и да пронајдат решение во таквите ситуации, им помагате во нивното осамостојување и зголемување на самодовербата.

Според психолозите, самостојноста во облекување е важна психолошка и емоционална пресвртница.

Децата тежнеат кон независност и затоа не зачудува нивната желба во јануари да облечат костим за капење.Секако дека родителите нема да го дозволат тоа,  но нив им е потребно бидејќи ја градат својата личност и самодоверба.

Закопчувањето и откопчувањето на копчињата е основа за развој на моториката. Затоа, дозволете им на децата сами да се облекуваат иако не се спретни и им треба повеќе време.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk