Зошто е важно кој прв ќе влезе во вашиот дом на ден Божиќ

Според обичаите, првиот човек што ќе ни влезе дома на Божик треба да биде положајник, тоа е личност која е пријател на куќата. 

Личноста која има добри намери кон домаќините се верува дека со влегувањето во домот на ден Божиќ ќе донесе здравје, среќа, благосостојба и мир.

Симболично, положајникот ги претставува тројцата мудреци кои ја следеле ѕвездата од Исток и кој родениот Исус го дарувале со темјан, злато и мириси.

Уште од минатото се верува дека првиот гостин на тој свет ден треба да изврши неколку адети, на пример да ја отвори вратата од печката на дрва доколку домаќините се греат на дрва, да го разгори оганот и да иговори: Колку искри толку среќа, колку искри толку пари

Непосредно по изведувањето на тој адет домаќинката го дарува пријателот со симболичен подарок.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk