Зошто е добро децата да учат во тивка просторија

Вревата ја намалува способноста за учење кај децата-тврдат научниците.

Вревата влијае врз способноста за концентрација и внимание повеќе кај децата отколку кај возрасните и може да допринесе за појава на пречки во учењето и продуктивноста-се вели во резултатот на најновото истражување спроведено од Американската асоцијација за развој на науката.

Вревата што ја продуцираат телевизорот и другите електронски уреди во домот лошо влијае врз мозокот на децата бидејќи децата пробуваат да го регистрираат сето она што се случува во нивната непосредна околина. При мешањето на звуците, па дури и да е тоа зуењето од исклучениот тв приемник, може да придонесе за намалување на нивото на концентрација.

Според доктор Лери Леболд, намалената способност за учење во бучни околности не е својствена само за децата во предшколската возраст туку и за адолесцентите.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk