Зошто е подобро да ја бојадисувате косата со к’на

 

Модерните хемиски и вештачки бои за бојадисување на косата се почесто ја поттиснуваат од употреба к’ната. Но сепак се чини дека во последно време се забележува нејзино зачестено употребување бидејќи позитивните искуства од нејзината примена се далекусежни.

Не само што не ја уништува косата туку истовремено к’ната има и многубројни лековити својства. К’ната е природен производ кој во својот состав не содржи хемикалии а делува на тој начин што покрај бојадисувањето го враќа сјајот на косата и нејзината мекост.

К’ната за коса е супстанција добиена со сушење и мелење на листови од индиска билка која се користи за боење на кожата и косата. Постојат неколку бои на к’на како што се црна, махагони, кафена и црвена.

Меѓу другото, делотворините дејства на к’ната се:

– Спречува опаѓање на косата
– Природно го зацврстува влакното на косата
– Ја враќа густината и волуменот на косата
– Го враќа природниот сјај на влакното
– Го храни и зајакнува коренот
– 100% ги покрива седите влакна

Пред употреба, најдобро е к’ната да се промеша со природни состојки како што се јајцето, лимонот и малку вода. Сите состојки се мешаат се додека не се добие паста која наликува на индустриските фарби за коса. Смесата рамномерно се распоредува по косата, се држи околу половина час и се измива.
Затоа, доколку бојата на кната одговара на вашата посакувана нијанса одлучете се за неа за сметка на индустриските фарби за коса.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk