Зошто збрзано се дебелееме после 30-тата

Не е тајна дека како што старееме, се потешко остануваме во одлична форма. Но вината за тоа не е во годините ниту во „чинијата“.

За тоа не се криви ниту годините, ниту исхраната.

Здравата исхрана е препорачлива, но таа не причина за брзото дебелеење после 30 -тата година. Зелениот чај нема да ви помогне да ги стопите килограмите, како ниту некои намирници кои го забрзуваат метаболизмот. Но тие не се доволни за остварување на целта.

Што е она што придонесува за таквата состојба?

Недоволна активност. Со годините метаболизмот станува поспор, а после 30 – тата луѓето стануваат мрзеливи, и се помалку се движат. Во овие години луѓето исто така повеќе седат, а движењето е минимално.

Тоа не значи дека мора да се зачлените во теретана или да правите некој екстремно напорни тренинзи. Истражувачите препорачуваат умерена и рамномерна активност, која ќе биде секојдневна, па дури и да се работи за 30 минутна прошетка. Единствено е важно да сте во движење, затоа што тоа е најдобар тренинг за метаболизмот.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk