Зошто косата поинтензивно опаѓа во бременоста и по породувањето

Постојат трудници кои можат да се пофалат со побрз раст на косата и промена на текструрата на влакното во текот на бременоста, но сепак, за жал, повеќе од 60% од трудниците јавно искажуваат дека имаат проблем со поинтензивен пад на влакното на косата во текот на деветте месеци од бременоста.
Дневно во просек губиме околу 100 влакна. Но во текот на бременоста организмот на жената се соочува со зголемено ниво на хормонот естроген кој ја продолжува активната фаза од растот на влакното и придонесува да се смени текстурата, ако е виткана косата може да почне да се исправа и обратно, или пак да се појави претерано мастење или сувост на влакното.

Поради хормоналниот дисбаланс во организмот овие промени  се најчести и најинтензивни во првото тромесечје од бременоста и три месеци после породувањето.

Откако ќе помине првото тромесечје хормоните постигаат високо ниво кое го спречува опаѓањето во толкава мера. После породувањето тоа хормонално ниво драстично опаѓа и може да предизвика опаѓање на косата. За целосно  регулирање на опаѓањето на косата може да се зборува по истекот на шестиот месец и подолго во зависност од многу надворешни и внатрешни фактори.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk