Зошто мажите заспиваат после секс

Жените на своите партнери често им замеруваат што по тркалањето по чаршафите се вртат на другата страна и заспиваат за една минута, но се чини дека за тоа постои оправдана причина.

Иако звучи неверојатно, едно истражување тврди дека припадниците на посилниот пол во креветот попрво би заспале отколку да се галат, затоа што мозокот им е дизајниран да се „исклучи“ во одреден момент.

Француските научници го скенирале машкиот мозок пред и по оргазмот и заклучиле дека церебралниот кортекс, односно делот на мозокот одговорен за размислување по сексот се исклучува. Веднаш потоа, се вклучуваат други делови на мозокот кои и на останатите делови им „наредуваат“ да се деактивираат од сексуалната желба. Целиот овој процес го помагаат и окситоцинот и серотонинот со чие излачување многу бргу настапува сонот.

„Овие експерименти ни покажуваат што точно се случува во мозокот за време на оргазмот. Мажите по климаксот обично имаат период на „рестартирање“ во кој, додека трае, едноставно не можат да се возбудат. Кај жените тоа е малку поразлично, односно тие го немаат тој период и често им замеруваат на мажите дека заспиваат веднаш по акцијата. Но, кај мажите тоа е нормален процес“ – вели Серж Столер, лидер на групата научници од центарот за медицински истражувања INSERM (Institut National de la Santé et de la Recherche Médical).

Сепак, ова истражување не е единствено на оваа тема. Едно истражување од 2005 година покажало дека луѓето се единствените „животни“ кај кои спиењето и сексот се поврзани. Според истражувањето дури 48% од 10 илјади испитани мажи заспале веднаш по сексуалниот чин.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk