Зошто ни се лоши за време на патувањето

Објавено на: Aug 19, 2016 од Мама Силвана

Дали сте се запрашале зошто ни се лоши во автомобил? Виновник за тоа е нашиот мозок. Имено, телото испраќа премногу измешани сигнали на мозокот за време на возењето, поради што мозокот е „збунет“ и сигналите ги толкува како токсини кои мора телото да ги исфрли.

Со други зборови, за мозокот да сфати каде се наоѓаме во моментот кога се возиме со автомобил, тој ги комбинира информациите кои ги добива од сетилата за вид, допир и слух, објаснува лекарот Дин Барнет.

Но кога патуваме, возилото не се движи со иста брзина, поради што мозокот добива измешани сигнали и тоа го препознава како токсини во телото.

Како резултат на тоа, се јавуваат мачнини за време на патувањето бидејќи мозокот е „загрижен“ дека е затруен при што испраќа сигнали да се исфрлат отровите преку повраќање.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…