Зошто патувањата повеќе не усреќуваат од материјалните работи

Објавено на: Dec 30, 2016 од Мама Силвана

Не е непознаница дека со секое ново патување и со ново искуство сме побогати. Се испостави дека најголем проблем со среќата е адаптацијата. Кога нешто ќе купиме неважно дали е гардероба или некој гаџет, се навикнуваме на материјалното добро и тоа повеќе не е возбудливо.

Нивото на задоволство со тек на време спласнува додека потполно не исчезне. Овој процес циклично се повторува со секое ново купување.

Истражувањето кое е спроведено на Универзитетот Корнел во државата Њујорк дошло до заклучок дека овој цикличен процес, раст на задоволството и среќата, стагнација и рамнодушност спрема материјалните работи може да биде опасно.

Нивото на среќата се зголемува додека купуваме нешто што сакаме како кога се подготвуваме за пат. Нивото на среќа значително опаѓа по купувањето, додека сеќавањата на патувањата продолжуваат со присеќавањата и прераскажувањата, што влијае на хормонот на среќа кој подолго таре.

Невообичаени случувања, патувања, учење на нови вештини па дури и екстремните спортови се одличен извор на среќа за секој од нас.

Некоја нова работа па дури и автомобил, станува работа на кој полека се навикнуваме и немаме никакви чувства.

 

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…