Зошто породувањето со хируршки зафат се нарекува токму „царски рез“

 

Според одредени историските податоци, царскиот рез за прв пат е направен некаде во 16 век. Во времето на неговите рани примени, овој оперативен зафат се изведувал само доколку родилката е во голема опасност и кога породувањето не може да се спроведе на ниту еден друг начин.

Царскиот рез била операција пропратена со највисока стапка на морталитет на мајките во однос на другите оперативни зафати изведувани во тој период.

За потеклото на името постојат многубројни легенди.

По една верзија, со помош на овој тип на оперативен зафат е роден римскиот император Цезар и од тогаш почнува да се нарекува sectio caesarea.

Според друга легенда, во средниот век, некој германски месар Кајзер успешно ја породил својата жена правејќи и рез на абдоменот и расекувајќи ја матката. Во негова чест, оваа интервенција е наречена Кајзеров рез (Kaiserschnit), што на германски значи царски рез.

Меѓутоа вистината е поинаква. Името царски рез најверојатно води потекло од латинскиот израз ab utero caeso што значи пресечена матка.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk