Зошто се верува дека ако скршите одлгедало ќе ве следи несреќа во наредните седум години

Психологот Јелена Пантиќ открива дека едно од најголемите верувања кои како суеверие се пренесува од колено на колено меѓу народот е тоа дека ќе не следи несреќа доколку скршиме огледало.
Од каде всушност потекнува ова верување?

Некогаш одамна, кога огледалата се појавиле во нивната денешна смисла со украсни рамки и биле знак за престиж доколку се имаат во домот нормално е нивната цена да биде висока, тие да се исклучително ретки и драгоцени предмети.
Во тоа време општествениот престиж се мерел и по бројот на слугинките кои ги опслужуваат домаќините во домот.
Кога ќе се случело некоја слугинка да го скрши огледалото, морала седум години да работи без плата за да може да ја надомести штетата.
Од тука потекнува верувањето, дека ако скршиме огледало ќе не прати седум години несреќа.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk