Зошто се прозеваат бебињата додека се во мајчиниот стомак

Научниците тврдат, бебињата со сигурност се прозеваат уште додека се во мајчината утроба, но тоа не се случува затоа што им се спие.

Благодарение на 4Д ултразвучни прегледи научниците утврдиле дека бебињата уште додека се во мајчината утроба освем што голтаат, се протегаат и икаат тие многу често се прозеваат.

Прозевањето не е само механичко отворање и затворање на устата.

Научниците велат дека бебињата во мајчиниот стомак не се прозеваат затоа што се поспани или затоа што им се спие, ниту пак нивното прозевање е “заразно”.

Прозевањето на плодот е тесно поврзано со созревањето на мозокот, особено во почетната фаза од бременоста. Значи, прозевањето е поврзано со развојот на фетусот и може да биде извор на значителни информации за здравјето на нероденото бебе.

Прозевањето кај бебињата во мајчиниот стомак значително се поретки после 28 недела од бременоста.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk