Зошто сладоледот е здрав

На многумина сладоледот им е омилен десерт, но и покрај тоа што разладува во летниот период, тој може да допринесе за вашето здравје.

ИЗОБИЛУВА СО КАЛЦИУМ

На возрасните потребни им се околу 1.000 mg калциум дневно, додека трудниците и децата имаат зголемена потреба за овој минерал. Млекото и слатката павлака кои се основни намирници за овој производ, па преку нив телото се снабдува не само со калциум, туку и со витамините А и Б.

ПОМАГА ВО ОДРЖУВАЊЕТО НА ТЕЛЕСНАТА ТЕЖИНА

Поради процентот на шеќер и млечни масти, овој десерт идеално се служи оладен на -6⁰C и како таков се смета за убиец на тенката линија. Меѓутоа, некои студии тврдат дека калциумот ја намалува неговата калориска вредност која се движи меѓу 250 и 300 калории на 100гр.

БОГАТ Е СО ВИТАМИНИ И АНТИОКСИДАНСИ

Овошниот сладолед кој се подготвува од замрзнато или свежо овошје содржи многу витамини, додека сладоледот со вкус на чоколадо или кафе, ако навистина се подготвува од вистински зрна кафе или какао ја осигурува дозата на антиоксидантот полифенол кој го штити срцето.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk