Зошто треба да јадеме тиквици

Тиквиците поволно делуваат на варењето, намалувањето на холестеролот, а благодарение на големата количина на антиоксиданси во нив, делуваат и против воспаленија.
Тоа што ги издвојува тиквиците како идеална намирница е ниската калориска вредност, а покрај тоа се богати со витамини и неопходни нутриции.

Заедно со дињата и краставицата припаѓаат во семејството Cucurbitacea. Иако има повеќе врсти на тикви, навикнати сме на оние малите, долгнавести и во зелена боја.

Така, одличен избор на витамин А, К, Б и Ц, манган и калиум, магнезиум, фосфор, бакар, фолат и рибофлавин, како и цинк, железо, калциум.

До сега веќе многу истражувања потврдија дека тиквиците се важни за здравјето на организмот, а бидејќи можете да ги припремите на безброј начини, штета би било да не ги искористите додека им е сезоната.

Докажано е дека се добри во превенција на рак на цревата, го контролираат шеќерот во крвта и го смалуваат апетитот, а состојките во нив го чуваат здрав васкуларниот систем и го смалуваат холестеролот.

Поволно делуваат на варењето. Ако не можете да ги конзумирате во свежа форма како салата, измешајте ги со сезонски зеленчук како краставица и нема ни да приметите некоја голема разлика во вкусот.

Благодарение на антиоксидансите, делуваат и против воспаленија, а одлични се и за сува кожа. Дури и можете да ги исечете во вид на прстени и да ги ставите на кожата да делуваат некое време. Поради високото присуство на манганот, тиквиците поволно делуваат на сите функции на организмот.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk