Зошто треба да јадеме јајца

Најновите истражувања ги отфрлија старите тврдења дека внесот на јајца влијае лошо на човечкото здравје и покажа сосема спротивни резултати.

Доколку се внесуваат во умерени количини, јајцата имаат многу позитивен ефект на човечкиот организам.

Најдобро е да се конзумираат наутро, за појадок, додека навечер треба да се одбегнуваат варени јајца, како тешка храна затоа што се оптоварува желудникот.

Ова се некои од причините зошто треба да се конзумираат јајца:

Добри се за бремените жени

Јајцата се одлична храна за бремените жени, може дури да се рече дека жените во текот на бременоста треба задолжително да ги јадат.

Тие се богати со витаминот Б, што позитивно влијае на развојот на мозокот на детето, спречуваат настинка и ментално нарушување.

Конзумирањето јајца го  зголемува имунитетот

Едно до две јајца дневно може да помогне во борбата против инфекции. Јајцата се добар извор на селен, минерал кој е неопоходен за правилно функционирање на имунолошкиот систем и регулирање на нивото на хормонот на штитната жлезда.

Подобрување на здравјето на коските и забите

Јајцата се богати со витаминот Д, кој е неопходен за правилен раст на коските и забите.

Поттикнуваат апсорпција на калциумот, кој е неопходен за правилно функционирање на срцето и метаболизмот.

Поттикнуваат слабеење

Јајцата се одличен избор за појадок, затоа што брзо создаваат чувство на ситост. Го регулираат апетитот, ја ублажуваат желбата за грицкање и ја намалуваат веројатноста од прејадување подоцна во текот на денот. Истражувањата покажаа дека лицата кои појадуваат јајца, внесуваат помал број калории во текот на денот.

Ги зајакнуваат рефлексите

Тирозин, амино киселина во јајцата, помага на брзината при рефлексното реагирање. Научниците во текот на своите истражувања откриле дека тирозинот може да игра значајна улога во ситуации како што е возење автомобил, велосипед и секое друго превозно средство, каде моменталното носење одлука и реагирање може да значи разлика меѓу животот и смртта.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk