Зошто трудниците се чувстуваат толку уморно и поспано

Дури и кога лежат и одморат телото на трудниците врши еден вид на тежок физички напор кој однадвор не е видлив. Сепак, појавата на дополнително чувство на замор или поспаност, особено во првите и последните недели од бременоста не е причина за паника.
Зошто всушност трудниците се чувствуваат толку уморно и поспано?

Во првите месеци од бременоста тоа се случува поради дополнителниот напор на телото да ја создаде постелката. После зачнувањето, телото на трудницата почнува да ја создава постелката, системот преку кој што фетусот ќе се храни и ќе се одржува во живот додека е во матката.

Овој процес трае се до четвртиот месец од бременоста кога повторно може да се врати онаа енергичност што трудницата ја имала порано.

Истовремено трудниците поминуваат низ цел низ од емоционални и психички промени кои ги предизвикува самата бременост. Самото сознание дека жената е бремена е истовремено и стресно и неверојано радосно.

Со појавата на утринските мачнини се појавува и потреба на телото за дополнително лачење на плунка, за почесто мокрење, се појавуваат и проблеми со спиењето, промени на градите, чести промени во расположението.. многу фактори кои што можат да го предизвикаат дополнителното чувство на замор.

Затоа на трудниците им се препорачува избегнување на тешки физички активности и дополнителен одмор, особено во периодот додека се формира постелката и периодот пред таа да заврши со вршењето на нејзината функција.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk