Зошто трудниците треба да уживаат во вкусот на ливадскиот мед

Секоја трудница со задоволство може да ужива во медот, особено во првите три месеци од бременоста бидејќи редовното консумирање на медова вода може во голема мера да помогне против мачнините.

Освен што го збогатува организмот на трудницата со многу хранливи состојки, медот го подобрува расположението, го намалува чувството на замор и ја спречува анемијата.

 

Потребата за железо во текот на бременоста е поголема за организмот на трудницата, па поради тоа препораката е дека три лажици дневно шумски, односно ливадски мед може да го намали ризикот за појава на ниска концентрација на овој минерал.

 

Најдобра опција е медот да се раствора во чаша млака вода. Медовата вода се пие три пати дневно половина час пред јадење.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk