Зошто трудниците треба често да јадат урми

Истражувањето спроведено во рамките на “ University of Science and Technology “ уште еднаш ги потенцира позитивните ефекти на урмата врз здравјето на човекот, овој пат обрнувајќи внимание на корисните придобивки од нејзиното конзумирање во текот на бременоста.
Според ова истражување конзумацијата на ова овошје во текот на бременоста, особено во третото тромесечје, влијае врз параметрите на породувањето.

Во истражувањето кое траело тринаесет недели биле вклучени 69 жени. Научниците заклучиле дека конзумацијата на плодот на урмата во последните четири недели од бременоста значително ја намалуваат потребата за индуцирано породување, односно потребата за вештачко предизвикување на контракции, со што директно се олеснува породувањето и се забрзува неговиот природен тек.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk