Играта е важна за психичкиот и физичкиот развој на детето

Играта е главен извор на задоволство за секое дете, осоебно доколку е доброволна и спонтана.

Освен што причинува задоволство, играта е суштински важна за конгитивниот, физичкиот, социјалниот и емотивниот развој на детето.

Постојат неколку обележја по кои можеме да ја дефинираме играта и однесувањето што таа го предизвикува кај детето. Кога мислиме на игра пред се мислиме на активност која што е забавна и доброволна односно флексибилна и мотивациона.

Играта во однос на возраста на детето и неговата способност за спознавање на нештата се дели на:

– функционална игра која опфаќа едноставни мускулни движења кои се повторуваат ( пример тресење на тропалка ) и е најзначајна за периодот пред да се наврши првата година од животот на детето

– конструктивна игра каде е лесно воочливо конкретното употребување на предметите ( пример градење на кула од коцки ) и се очекува да биде совладана и практикувана на дете постаро од една година

– симболичка игра каде предметите се употребуваат како симбол за она што реално не се ( пример кога детето замислува дека столицата е автомобил ) и е една од најзначајните игри во поглед на менталниот развој на детето. Нејзиното отсуство често но не нужно упатува на одреден развоен дисбаланс

– игри кои се одвиваат по однапред познати правила и ограничувања ( пример играта “човеку не лути се“ )

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk