Игри во кои вашето бебе ќе ужива

Карл Пурет, професор на оделот за детска психијатрија на Универзитетот Јеил советува на кој начин да го вклучите бебето во интересна заедничка интеракција која ветува игра и забава.
При играта, избегнувајте ги дигиталните помагала. Таблетот, телефонот и компјутерот не се најадекватниот начин за функционална забава.

Кога ќе приметите дека бебето самото се заинтересирало за нешто или одреден предмет не го прекинувајте веднаш туку најдете иновативен начин да го потенцирате значењето на предметот што е цел на вниманието на бебето.

Наместо да пуштите детски песнички на телевизорот или компјутерот, самите вие произведувајте ги звуците. Пејте ги детските песнички гледајќи го бебето во очи.

Секоја игра која во себе содржи физички контакт е повеќе од добредојдена. Таквиот тип на игри секогаш треба да започнат со нежни допири и земање на бебето во рацете. Потоа можете да се скокоткате, галите и штипкате.

Една од најинтересните игри за секое бебе е играта на криење.

Прекријте го своето лице и откријте го потоа. Уште поубаво е доколку бебето е во можност и е способно тоа самото да ви ги тргне рацете од лицето гледајќи го вашето насмеано лице. Исто така може да сокриете некој за него интересен предмет, при тоа да внимавајте да го движите предметот споро за да може бебето да го следи со поглед.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk