Идни татковци избегнувајте ги долгите топли бањи

Хигиената е секако на прво место- но кратко туширање во случајот е подобра варијанта од долгото излежување во када со врела вода.
Ако со вашиот партнер се обидувате да добиете потомство, тогаш потрудете се тој да ги избегнува топлите бањи непосредно пред самиот сексуален чин.

Имено, една студија објавена во 2007 година потврдува дека спермата кај мажите значително губи на квалитет доколку мажот често си дозволува релаксација во када со топла вода повеќе од половина час.

Одрекувањето од овој чин и тоа непосредно пред самиот секс значително може да ги зголеми шансите за забременување на партнерката.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk