Идни татковци, избегнувајте ги топлите бањи

Мажите кои што сакаат да станат татковци треба да ги избегнуваат топлите бањи-тврдат научниците.
Според многу досегашни истражувања препораката гласи дека секој маж кој што во блиска иднина сака да биде татко ќе треба да ги избегнува честите престојувања во топла када, бидејќи тестисите се многу чувствителни на топлина.

Тестисите се надвор од телото на мажите со причина – тие треба да бидат во поладна средина од онаа во внатрешноста на телото се со цел да произведуваат здрава и квалитетна сперма.

Според медицинските истражувања доколку мажот практикува топла бања, односно долгорочно излежување во када со топла вода во јануари тоа може да влијае на развојот на сперма дури во март.

Тоа е така поради фактот што за да се произведе една зрела сперматозоидна ќелија потребно е околу два до три месеца.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk