Избегнувајте ги антицелулитните креми во бременоста и за време на доењето

Антицелулитните креми треба да се избегнуваат во текот на бременоста, но и подоцна во периодот на доењето бидејќи преку кожата многубројни штетни состојки кои се наоѓаат во составниот дел од овие креми можат да преминат во крвотокот на мајката, а од таму да стасаат и до бебето во развој.

Добрата вест е што со правилна исхрана и умерена физичка активност целулитот може природно да се редуцира.

Исто така, секоја трудница може да си направи одличен и многу ефикасен домашен крем против целулит од обичен гел за туширање и крупно сомелено кафе, кој за време на туширањето треба да се нанесе на критичните места и добро да се измасира.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk