Избегнувајте храна готвена на плин

Објавено на: Jan 10, 2017 од Мама Кате

Можеби не сте знаеле, но доколку готвите на плин постои можност да заболите од рак. Ова тврдење се објаснува со тоа што испарувањето на плинот при готвењето на многу висока температура може да предизвика заболување од рак. Норвешките научници направиле споредба помеѓу готвењето на плин и на струја и констатирале дека плинот произведува повеќе канцерогени испарувања.

Тие веруваат дека изложеноста на испарување од готвењето е причина за зголемувањето на бројот на заболени од рак на дојка кај жените непушачи.Испарувањето може да предизвика рак на градите, бешиката и на цревата. Ризикот се зголемува доколку пржите на висока температура.

При Спроведениот експеримент било анализирано влијанието на плинот во комбинација со мастите за готвење (масло, маргарин, путер и сл) и количеството опасни соединенија во воздухот кои се ослободуваат при готвење на високи температури. Тие соединенија припаѓаат нс групата А2 – „многу веројатно канцерогени за човекот“.

Измерена била концентрацијата на полициклични јаглеводороди и алдехиди кои се сметаат за канцерогени и ултрафини честички кои се токсични и за белите дробови.

Според нив највисоката концентрација на нафтален – полицикличен јаглеводород се ослободува при пржење со маргарин на плин. Највисока концентрација на алдехиди е измерена при пржење на плин без разлика со каква вид масти. При пржење на плин се ослободуваат и највисоките концентрации на микрочестички што е последица од согорувањето или пламенот на плинот, а не од пржењето.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…