Избегнувајте ја запршката но не и употребата на црвената мелена пиперка

Запршките се онаа навика во готвењето која се повеќе млади домаќинки ја избегнуваат. Но тоа не значи дека црвената мелена пиперка треба да ја исклучиме од исхраната.
Таа има неверојатна лековита моќ, ги обновува цревните клетки и помага да се намали вишокот килограми.

Со редовна употреба на овој зачин лесно се регулира дигестивниот систем, делува против упорен пролив, грчеви во стомакот и болки во желудникот.

Црвената мелена пиперка содржи активна состојка наречена капсаицин, која според многубројните досегашни истражувања спроведени на Универзитетот Питсбург има моќ да ги уништи клетките на ракот на дебелото црево, односно да го сопре нивниот раст за 80%. Исто така, во нејзиниот состав се забележува присуство на витамините Ц, А и витамините од групата Б кој што благотворно делуваат врз регенерирањето на цревната слузокожа.

Додавајќи десет грама мелена црвена пиперка во секој оброк што го дозволува присуството на овој зачин се намалува чувството на глад и со тоа се намалува бројот на внесени калории по оброкот.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk