Изнесувајте ги децата и на минусни температури

Објавено на: Jan 08, 2016 од Мама Силвана

Педијатрите советуваат децата да одат надвор и кога е минус, бидејќи така го подобруваат имунитетот. Најдобро е да ги облечете на слоеви. И минусните температури им одговараат, бидејќи престојот на затворено помалку им годи.

Истото важи и за бебињата, бидејќи со престој на свеж воздух, па и де е ладно, децата го зајакнуваат имунитетот и ја зголемуваат отпорноста на вируси и бактерии.

Децата постари од две години, треба да се изнесуваат секојдневно. Водете ги во парк, на лизгалиште (ова важи за деца постари од 4 години), по можност со врсници бидејќи играта ќе им биде многу поинтересна.

Секако децата треба да излегуваат под услов да се здрави. Изнесете ги кон средината на денот кога температурата е највисока, доколку детето се натопи, веднаш преосблечете го или ако не сте во можност да стигнете дома, воведете го во топла просторија која грее.

Ако можете би било добро децата да ги однесете на планина, барем 10 дена, бидејќи планинските температури не се погодени од вируси и бактерии, но и се одлични за детските бели дробови и имунитет.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…