Името ја одредува вашата професија

Објавено на: May 05, 2016 од Мама Весна
Според последното истражување направено од психолозите во Њујорк се утврдило дека Американците често несвесно бираат за себе професии кои ги содржат истите букви како нивните имиња и презимиња.

Имињата и презимињата имаат многу големо влијание на професијата која ја бирате. Овој феномен го нарекле имплицитен егоизам.

Мажите повеќе се врзуваат за презимето додека жените често професијата ја избираат според името, што се објаснува со фактот дека жените често го менуваат презимето откако ќе стапат во брак.

Во склад со овој феномен, психолозите настојувале и да истражуваат од 1990 година во регистарот за правници и стоматолози. Резултатите покажале дека американските забари најчесто се викале Денис, Дени, Дена, Дениз, додека правниците Лорен, Лоренс, Лори, Лора…


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…