Инсектите може да предизвикаат болести

Инсектите како што се комарци, пчели и крлежи не се само здодевни туку можат да предизвикаат и болести како западнонилска треска или лајмска болест. Најдобар начин да се заштитат децата, посебно бебињата од оваа напаст е да ги држите подалеку од местата каде што ризикот за убод е поголем.

Местото каде што спие бебето мора да биде заштитено со мрежа додека постарите деца не би требало да бидат надвор наутро рано или предвечер, кога има најмногу комарци.

Додека сте надвор најдобра заштита од инсектите се репеленти во спрејови или креми кои ги штитат децата од касање. Важно е да знаете дека препаратите никогаш не треба да ги мачкате или прскате на кожа на бебињата помали од два месеци.

Кога се во прашање постарите деца, обрнете внимание на производот кој го го купувате да содржи од 10 до 30 проценти Н-диетил мета толуамид, бидејќи се смета за безбеден.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk