Инструменталното прскање на воденикот го скратува времето на породување

Објавено на: Dec 08, 2016 од Мама Ане

Инструменталното прскање на водењакот односно амниотомијата, особено кај прворотките, го скратува времето на породување дури за 10%

По пукањето на водењакот и истекувањето на плодовата вода временскиот интервал помеѓу контракциите побрзо се намалува и тие за многу пократко време стануваат се поинтензивни.

Самиот чин се изведува кај жените кога грлото на матката е отворено помалку од три, односно четири сантиметри од страна на стручно медицинско лице-гинеколог. Во просек, породувањето кај повеќето жени се скратува за два часа, односно ниту еден процес на породување не трае повеќе од 12 часа од почетокот на процедурата.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…