Интересна игра што ќе му помогне на детето полесно да ги научи буквите

Учењето на буквите може да биде забавно доколку го мотивирате вашето дете заедно да направите домашен буквар.
Пред се ви е потребна една празна тетратка. На секоја страна залепете една буква од азбуката.
Поттикнете го детето на празниот дел од страната да лепи слики од весници и списанија кои претставуваат предмети кои почнуваат на буквата која е залепена или напишана на страницата.

На овој начин, преку игра, детето не само што полесно ќе ги совлада буквите, туку и сечењето со ножички ќе му помогне да ја извежба дланката и прстите со кои подоцна ќе треба да го држи моливчето или пенкалото кога ќе тргне на училиште што е од особена важност за развој на фината моторика.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk