Интересни факти за ударите на бебето во стомакот

Објавено на: Jan 09, 2017 од Мама Силвана

Зачестените удари на бебето значат дека бебето е здраво и нормално се развива. Бебето реагира на надворешни влијанија, посебно на звук, бидејќи на тоа реагира секој човек.

Бебињата повеќе удираат кога лежите на лева страна што во таа поза бебето автоматско добива малку повеќе крв што автоматски поттикнува на поголема активност.

Активноста е поголема откако мајката добро ќе се најаде, и бебето тогаш подобро се нахрани.

Бебињата се движат многу претходно отколку што мајката може да почувствува, односно уште во деветтата недела.

Намалената активност е причина за грижи. Некои бебиња се помалку активни, но сите треба да мрдаат. Намалената активност покажува некои отстапки од развојот и воопшто здравствената состојба на фетусот.

Најголема грижа мајките чувствуваат при крај на бременоста, но активноста на бебето се намалува по 36 недела од бременоста бидејќи бебето нема доволно место.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…