Испуканите и суви усни се знак дека ви недостасуваат витамини од групата Б

Испуканите усни често се знак дека во телото постои недостаток на одредени витамини.
Конкретно, недостатокот на витамините Б2 и Б3 може да предизвика сувост и пукање на усните.

Состојбата на усните е еден од првите показатели дали ви недостасуваат токму овие два витамина. Ако усните често ви пукаат и се суви, можеби е време да почнете со дополнителен внес на витамините пред се преку разновидната исхрана.

Витаминот Б2 е одговорен за правилната работа на метаболизмот, регулацијата на нивото на аминокиселини во организмот и функционирањето на клетките низ целото тело.
Недоволната количина на витаминот Б3 во организмот може да предизвика дерматитис, дијареа и ментални проблеми.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk